РЕФЛЕКСИИ ЗА БИТОЛА: ОД ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО, НАСЛЕДСТВОТО, ГОСТОПРИМСТВОТО, ДУХОТ НА КАБАДАЈАТА, СЀ ДО СЦЕНСКИОТ РАСКОШ НА ПЕЛИСТЕР

Aприл 2024. И додека април се мислeше дека е јуни, се размислуваше каде да се оди и како максимално да се искористат последните денови од стариот одмор. Сепак, и покрај ваквото расположение, секојдневните работни обврски тешко да се избегнеа. Континуирано сѐ наоѓаме во виор, будни за да сѐ осигураме дека работите нема да скршнат од патот како воз без шина. Затоа барем за време на викендите да го искористиме сонцето и времето нека сопре. Сѐ одлучивме за Битола. За момент се замислив како сѐ шетам по Широк сокак, седам во пријатно кафуле, сѐ присетувам на приказните од чаршијата, го чувствувам духот на богатото минато на градот и сѐ восхитувам на величествениот Пелистер. Го одбравме хотел Бела Куќа, позициониран на самиот Широк сокак. Имав прилика минатата година да престојувам овде со колегите и да сѐ подружиме во поинаква средина надвор од четирите ѕида на секојдневието. Овој пат допатував со моите деца и никако не размислив за поинакво сместување. Во хотел Бела Куќа чувството за историја и наследство е опипливо. Од овде навистина може да се почувствува пулсот на градот, неговиот ритам, неговата вистинска суштина и да сѐ навратиме на убавината на животот со сиот негов суров и нефилтриран сјај. Од својата елегантна фасада и раскошните ентериери, се до гостопримството и одличното гурманско искуство, хотелот му оддава почит на раскажаното минато на Битола, притоа прифаќајќи го модерниот луксуз на денешницата и создавајќи искуство како ниеден друг. И додека го пиев утринското кафе на пространата тераса не можев, а да не размислувам за богатата историја на градот. Битола, некогаш позната како Манастир или Монастир и град на конзулите, зазема посебно место во аналите на времето. Град преплавен со приказни за освојувања, култури и конзули. Град кој некогаш цветаше со културна живост и виталност – град кој вриеше од живот и ветувања. Денес пејзажот е сосема изменет. Многумина се заминати во потрага по подобра егзистенција, оставајќи зад себе потивки, попразни улици. Ќе се чуе грчки бидејќи близината на границата со Грција си го прави своето, а секој го носи тој хедонизам во себе, макар и парче, и сака да искуси нешто друго и поинакво. Сабота сабајле и почна да заживува градот. Ми се чинеше нема таков што не го пие своето кафе на некое од прекрасните кафулиња токму на Широк сокак. Се симнаа и децата на доручек. Разговорот ни одеше во насока да им раскажам нешто кратко за овој прекрасен крај, но и да го научат зборот кабадаја кој се шепоти со премолчени тонови. Успеав да вметнам приказна, започавме разговорно патување за да им ја разоткријам енигмата на Кабадаја, именка исклучива за Битола која отелотворува начин на живот, духовитост и непропустлива кора од лимон. И додека едни велат дека Кабадаја е состојба на умот, огромна самодоверба што се граничи со ароганција, склоност кон фалење и претерување, други го гледаат како начин на живот, немилосрдно стремење кон величественост. Овој калибар на луѓе се тривијални во своите приказни во кои најчесто од мравка прават слон. Со екстравагантни манири, посебен став, посебен од, начин на облекување, одат со цел да бидат видени и слушнати. Може да се каже и дека често губат време на сметка на суштината, но дали и ова на некој начин е уметност, бидејќи треба да знаеш истото да го правиш со уникатен талент што секоја Кабадаја го поседува и го издвојува од толпата. Не ми излегува од глава една поговорка. ,,Од високо гледај го само оној на кој треба да му подадеш рака кога гледаш дека се дави”. Оттука ароганцијата ja изедначувам на ниво со привитивизам. Но, од сите приказни и анегдоти што ги имам слушнато за Кабадаите има нешто неспорно шармантно во нив. Можеби се агресивни и се самофални, но има топлина и хумор во нивните лудории на кои е тешко да се одолее. Можеби се прецизно облечени и беспрекорно негувани, но има извесен неуреден шарм во нивниот изглед, навестување на ранливост под храброста, копнеж за прифаќање, желба да бидат видени и слушнати па дури и несигурност, страв да не бидат занемарени или заборавени. Значи, што е Кабадаја, и дали сите ние носиме дух на кабадаја во нас? Можеби одговорот лежи во начинот на кој се движиме низ пресвртите на животот, во начинот на кој ги прифаќаме предизвиците што ни се појавуваат и во начинот на кој наоѓаме радост во едноставните задоволства на секојдневието. Додека размислував и раскажував, не можев да се воздржам, а да не се насмеам. Зашто во животните лудории на кабадаите, гледам одраз на себе – потсетник дека, на крајот, сите ние само се обидуваме да го најдеме своето место на овој свет, без разлика дали тоа го признаваме или не. Значи сите сме Кабадаја на ваков или таков начин. Тоа е одраз не само на тоа од каде доаѓаме, туку и на заедничките искуства што нè обликуваат. Само внимателно со ароганцијата😉. Битола е како духот на кабадајата. Дух што ја отелотворува издржливоста, духовитоста и склоноста кон екстраваганција. И додека пејсажот може да се променува, духот на Битола опстојува исто како кабадајата во секој од нас. Дух кој го надминува времето, историјата и плимата и осеката на животот. Тоа е дел од битолското ткиво, вкоренето во нејзиниот народ и култура. Да се биде битолчанец значи да зрачиш подеднакво со самодоверба, хумор и допир на раскош. Го привршувавме доручекот. Јадеа споро зошто и посматраа и пробуваа да препознаат битолска кабадаја. Им раскажав и по неколку анегдоти на кои слатко се смееа. Дури кабадаја најдоа и во другарчето од клупа. Но, доста беше размислување и филозофирање. Децава си го збогатија речникот со уште еден поим и сега не чека природата. Битола не е само град замрзнат во времето, таа е и порта за авантура, за величенственоста на националниот парк Пелистер. Додека го вдишувавме опојот на едиствениот бор Молика ме воодушевуваше нескротливата дивина. Сабота испланиравме, после утринското кафе и доручек, ќе одиме по мека патека до Копанки, некогашен планинарски дом. Па, зошто да ја посетите Битола и Бела Куќа? Зошто да тргнете на ова патување низ историјата и природата? Затоа што во Битола, среде одгласите на минатото и шепотењата на иднината,

ДАЛИ СО ПРАВО ВИЛА РАДОЖДА ГО РЕДЕФИНИРА ТЕРМИНОТ ,,FINE DINING”

ДАЛИ СО ПРАВО ВИЛА РАДОЖДА ГО РЕДЕФИНИРА ТЕРМИНОТ ,,FINE DINING” Кој не слушнал за Вила Радожда?! Иако мислиме дека не постои таков од регионот и пошироко, за овој бисер на Охридското Езеро и те како вреди оваа приказна да се раскажува. Вила Радожда можеби не е категоризиран како ,,fine dining” ресторан, но да пробаме да ја разбереме суштината на ваквата категоризација. ,,Fine Dining” е дефинирано како кулинарско искуство кое оди подалеку од само храна – овде се работи за целокупната атмосфера, услуга и внимание кон деталите, се со цел да се понуди побогато и полуксузно искуство во споредба со секојдневните ресторани. ,,Fine dining” опфаќа висококвалитетна храна со врвни состојки и техники за готвење. Презентацијата е исто така важна, со јадења прецизно наредени на чинијата за да се подобри нивната естетска привлечност. Услугата е внимателна, професионална и персонализирана. Убавите ресторани често имаат елегантен декор, луксузен мебел и пригушено осветлување за да создадат префинета и интимна атмосфера. Музиката во позадина, уметничките дела и чаршавите за маса придонесуваат за целокупниот амбиент. Виното е секогаш составен дел од одличното јадење, со широк избор креиран да го надополни менито. Познавачите сомелиери можат да помогнат во изборот на совршениот пар на вино за јадењето на гостите. Генерално, ,,Finе Dining” претставува возвишено кулинарско искуство кое ја слави кулинарската уметност во секоја смисла. Па добро, можеби нема да добиеме позлатен прибор за јадење или елегантен декор, луксузен мебел, скапа слика од познат артист или настап од реномиран виолинист. Но, овде самото живописно езеро служи како платно, сликајќи совршена сцена со околните природни убавини. Ќе ве обеземе зачудувачкиот релаксирачки амбиент, нежното таласање на брановите како најубава серенада во позадина, погледи што го одземаат здивот, персонализирана услуга и топло гостопримство. Ќе ја вкусите најдобрата приготвена охридска пастрмка, тањири оживеани од колорот на свежите салати, домат кој чините ви се смее и вино најдоброто од земјава. Менито е големо. Со фокусирање на создавање незаборавни моменти за гостите, Вила Радожда ја надминува традиционалната дефиниција за ,,Finе Dining” и нуди нешто навистина исклучително – кулинарско искуство кое ја слави убавината на својата околина и богатството на нејзините вкусови. Така, иако можеби не одговара на конвенционалниот калап на ,,Fine Dining”, Вила Радожда секако заслужува признание. И со право можеме да кажеме дека суштината на убавото јадење на крајот лежи во целокупното искуство наместо строга категоризација. Па, дали е секојдневен ресторан? Воопшто не. За нас е и повеќе од само fine dining. Имаме атмосфера, имаме природа, имаме услуга и предобра храна. Луксуз сам по себе. Вила Радожда, продолжите да постоите како и досега. Се гледаме наскоро. Дополнително, Вила Радожда ги отвори вратите за своите гости и со реновирани апартмани, што секако допринесува ова искуство да потрае.

Рустична елеганција: автентично селско сместувања во Пирустија Неданоски

Искусете ја вистинската суштина на руралното живеење во Пирустија Неданоски во живописното село Рамне, на само 5 километри од Охрид, опфатено со убавината на Националниот парк Галичица. Спокојството на овој идиличен амбиент е совршен избор за мирно и извонредно рурално бегство, нудејќи автентично сместување, прекрасни активности и вкусна домашна кујна. Па да погледнеме зошто Пирустија е дестинација која мора да биде во вашиот ,,bucket list” и што е она што ја прави уникатно и неспоредливо искуство кое се издвојува од кое било друго. Pristine Air Spa: Село Рамне на Галичица е воздушен спа центар, мирна атмосфера со симфонија на природата, и многу вода од локалните извори. Комфорно сместување и удобност: Ве очекува шармантно, скоро реновирано рустикално сместување со приватно купатило со основни сретства за лична хигиена (сапун, шампон и пешкири). Гостите можат да ги искористат предностите на добро опремената заедничка кујна и машината за перење. Во моментов капацитетот со кој располага Пирустија е до три (3) лица или четиричлено (4) семејство, 2 возрасни и 2 мали деца. Чардак со поглед и простран двор: Традиционалниот балкон – Чардак изработен од камен и дрво, ќе ве почести со неверојатен панорамски поглед на прекрасното Охридско езеро. Опкруженo со фарма, зеленчукова градина, овошни дрвја, простран двор со природни сенки и огниште, Пирустија е совршено место за редефинирана релаксација, за интимнимни или друштвени собири. Авантура на фарма: Пирустија овозможува и посета на мини фарма со низа шармантни животни, вклучувајќи кокошки, потполошки, зајаци, кученце, прасиња, патки и кози. Може да ги погалите, да ги нараните и да снимите незаборавни моменти со овие преслатки суштества. Задоволства на природата: Истражете ги чудата на природата со активности како собирање на лековити тревки за чај, печурки и берење бобинки. Направете лежерни прошетки низ селото, посетете ја градинката и откријте го шармот на селската црква. Освежете се на блиските чешми со ладна изворска вода и следете ја шумската патека која води до селските лозја. Кулинарска магија: Сведочете за уметноста во кулинарството на домаќинката Наташа, бидејќи секое јадење се подготвува со користење на „традиционалниот метод на Пирустиа“ и „Сач“ непосредно пред вашите очи. Наташа внимателно ги избира и ги користи најсвежите состојки, вклучувајќи зеленчук, месо, јајца и млечни производи од нивната органска фарма и градина, како и од доверливи локални фармери. Нивните опции од мени нудат по нешто за секого , месо од дивеч ,,сарми”, полнети пиперки, мусака, разни печења, салати, домашна ракија, домашно вино и домашни џемови и мармалади. Но, не завршува тука! Вашето искуство со храна оди подалеку од чинијата. Можете да се вклучите во процесот на готвење и да ја научите уметноста на подготвување традиционални јадења заедно со Наташа. Тоа е единствена можност да се вклучите во кулинарското патување и да создадете незаборавни моменти заедно. Препуштете се на автентичните вкусови на нивните домашни јадења, знаејќи дека секоја состојка доаѓа директно од богатата земја што  не’ опкружува. Часови „Учиме да месиме“: Придружете ѝ се на Наташа во реткото и драгоцено искуство додека ја користите можноста да учите да месите. Со предавање на преку 300 желни ученици, Наташа љубезно и несебично ја споделува својата експертиза и страст за уметноста на месење, создавајќи прилика секој учесник да стане дел од богатата традиција на правење на традиционални зелници, ѓомлезиња, кошмишпите итн, карактеристични за регионот и генерации наназад. Одвојте миг овде да ги погледнете сликите на Пирустија и веднаш ќе посакате да се пренесете во ова идилично сместување. Во Пирустиа, ќе се ослободите од секојдневните грижи и верувајте, ќе искусите автентичен шарм, и незаборавни задоволства. Не пропуштајте го ова збогатувачко искуство! Резервирајте го вашиот престој и тргнете на патување на автентично рурално живеење, каде што традицијата, топлината и природната убавина се спојуваат во прекрасна хармонија. НАПОМЕНА: Во зимските месеци, понудата е ограничена исклучиво на сместување од 2 ноќи минимум и доручек! За какви било прашања или резервации, ве молиме слободно контактирајте не на: моб: 070 383 767 e-mal: balkanea.com@gmail.com Љубезно ве замолуваме да имате предвид следново: *Цената е 55 евра по соба за ноќевање, без разлика дали има еден, двајца или тројца гости.Минимум престој од 2 ноќевања (110 евра/2ноќи)*Двете соби се идентични.*Четиричлено семејство користи две соби со попуст.*Во цената е вклучен појадок.*Вклучени се и даноците и таксите. Имотот е отворен од мај до септември, но ги поздравува посетителите во текот на целата година. Во летниот период, ако сте семејство или пријатели, па дури и еден посетител, Наташа ќе обезбеди ексклузивност на објектот со цел вистински да ви ја долови убавината на селото.За ручек или вечера изберете ја опцијата без месо од 30 евра/лице или вкусете инзвонредно јадења со месо по 35 евра/лице (достапна во лето).Децата под 12 години уживаат во оброците по половина цена.Можноста да се вклучите во процесот на готвење и да ја научите уметноста на подготвување традиционални јадења заедно со Наташa е вклученo во цената

Majestic Mavrovo: Exploring the Natural Beauty of North Macedonia’s National Park in Spring

Spring is a magical time of year, and there is no better place to experience its beauty than in Mavrovo.