РЕФЛЕКСИИ ЗА БИТОЛА: ОД ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО, НАСЛЕДСТВОТО, ГОСТОПРИМСТВОТО, ДУХОТ НА КАБАДАЈАТА, СЀ ДО СЦЕНСКИОТ РАСКОШ НА ПЕЛИСТЕР

Aприл 2024. И додека април се мислeше дека е јуни, се размислуваше каде да се оди и како максимално да се искористат последните денови од стариот одмор. Сепак, и покрај ваквото расположение, секојдневните работни обврски тешко да се избегнеа. Континуирано сѐ наоѓаме во виор, будни за да сѐ осигураме дека работите нема да скршнат од патот како воз без шина. Затоа барем за време на викендите да го искористиме сонцето и времето нека сопре. Сѐ одлучивме за Битола. За момент се замислив како сѐ шетам по Широк сокак, седам во пријатно кафуле, сѐ присетувам на приказните од чаршијата, го чувствувам духот на богатото минато на градот и сѐ восхитувам на величествениот Пелистер. Го одбравме хотел Бела Куќа, позициониран на самиот Широк сокак. Имав прилика минатата година да престојувам овде со колегите и да сѐ подружиме во поинаква средина надвор од четирите ѕида на секојдневието. Овој пат допатував со моите деца и никако не размислив за поинакво сместување. Во хотел Бела Куќа чувството за историја и наследство е опипливо. Од овде навистина може да се почувствува пулсот на градот, неговиот ритам, неговата вистинска суштина и да сѐ навратиме на убавината на животот со сиот негов суров и нефилтриран сјај. Од својата