РЕФЛЕКСИИ ЗА БИТОЛА: ОД ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО, НАСЛЕДСТВОТО, ГОСТОПРИМСТВОТО, ДУХОТ НА КАБАДАЈАТА, СЀ ДО СЦЕНСКИОТ РАСКОШ НА ПЕЛИСТЕР

Aприл 2024. И додека април се мислeше дека е јуни, се размислуваше каде да се оди и како максимално да се искористат последните денови од стариот одмор. Сепак, и покрај ваквото расположение, секојдневните работни обврски тешко да се избегнеа. Континуирано сѐ наоѓаме во виор, будни за да сѐ осигураме дека работите нема да скршнат од патот како воз без шина. Затоа барем за време на викендите да го искористиме сонцето и времето нека сопре. Сѐ одлучивме за Битола. За момент се замислив како сѐ шетам по Широк сокак, седам во пријатно кафуле, сѐ присетувам на приказните од чаршијата, го чувствувам духот на богатото минато на градот и сѐ восхитувам на величествениот Пелистер. Го одбравме хотел Бела Куќа, позициониран на самиот Широк сокак. Имав прилика минатата година да престојувам овде со колегите и да сѐ подружиме во поинаква средина надвор од четирите ѕида на секојдневието. Овој пат допатував со моите деца и никако не размислив за поинакво сместување. Во хотел Бела Куќа чувството за историја и наследство е опипливо. Од овде навистина може да се почувствува пулсот на градот, неговиот ритам, неговата вистинска суштина и да сѐ навратиме на убавината на животот со сиот негов суров и нефилтриран сјај. Од својата

ДАЛИ СО ПРАВО ВИЛА РАДОЖДА ГО РЕДЕФИНИРА ТЕРМИНОТ ,,FINE DINING”

ДАЛИ СО ПРАВО ВИЛА РАДОЖДА ГО РЕДЕФИНИРА ТЕРМИНОТ ,,FINE DINING” Кој не слушнал за Вила Радожда?! Иако мислиме дека не постои таков од регионот и пошироко, за овој бисер на Охридското Езеро и те како вреди оваа приказна да се раскажува. Вила Радожда можеби не е категоризиран како ,,fine dining” ресторан, но да пробаме да ја разбереме суштината на ваквата категоризација. ,,Fine Dining” е дефинирано како кулинарско искуство кое оди подалеку од само храна – овде се работи за целокупната атмосфера, услуга и внимание кон деталите, се со цел да се понуди побогато и полуксузно искуство во споредба со секојдневните ресторани. ,,Fine dining” опфаќа висококвалитетна храна со врвни состојки и техники за готвење. Презентацијата е исто така важна, со јадења прецизно наредени на чинијата за да се подобри нивната естетска привлечност. Услугата е внимателна, професионална и персонализирана. Убавите ресторани често имаат елегантен декор, луксузен мебел и пригушено осветлување за да создадат префинета и интимна атмосфера. Музиката во позадина, уметничките дела и чаршавите за маса придонесуваат за целокупниот амбиент. Виното е секогаш составен дел од одличното јадење, со широк избор креиран да го надополни менито. Познавачите сомелиери можат да помогнат во изборот на совршениот пар на вино за јадењето на гостите.

Рустична елеганција: автентично селско сместувања во Пирустија Неданоски

Искусете ја вистинската суштина на руралното живеење во Пирустија Неданоски во живописното село Рамне, на само 5 километри од Охрид, опфатено со убавината на Националниот парк Галичица. Спокојството на овој идиличен амбиент е совршен избор за мирно и извонредно рурално бегство, нудејќи автентично сместување, прекрасни активности и вкусна домашна кујна. Па да погледнеме зошто Пирустија е дестинација која мора да биде во вашиот ,,bucket list” и што е она што ја прави уникатно и неспоредливо искуство кое се издвојува од кое било друго. Pristine Air Spa: Село Рамне на Галичица е воздушен спа центар, мирна атмосфера со симфонија на природата, и многу вода од локалните извори. Комфорно сместување и удобност: Ве очекува шармантно, скоро реновирано рустикално сместување со приватно купатило со основни сретства за лична хигиена (сапун, шампон и пешкири). Гостите можат да ги искористат предностите на добро опремената заедничка кујна и машината за перење. Во моментов капацитетот со кој располага Пирустија е до три (3) лица или четиричлено (4) семејство, 2 возрасни и 2 мали деца. Чардак со поглед и простран двор: Традиционалниот балкон – Чардак изработен од камен и дрво, ќе ве почести со неверојатен панорамски поглед на прекрасното Охридско езеро. Опкруженo со фарма, зеленчукова градина, овошни дрвја,

Majestic Mavrovo: Exploring the Natural Beauty of North Macedonia’s National Park in Spring

Spring is a magical time of year, and there is no better place to experience its beauty than in Mavrovo.